Кристијано Роналдо ќе биде предмет на истрага од страна на Саудиската професионална лига, откако вчера го постигна деветтиот последователен гол за Ал-Наср, но имаше и конфликт со навивачите.
Имено, по завршувањето на мечот со Ал Шабаб, Роналдо отиде да им честита на соиграчите, но беше видно изнервиран од скандирањата „Меси, Меси…“ кои се слушаа од трибините.
Прво демонстративно покажа на увото, а потоа направи непристоен гест. Токму тоа е причината што е покрената и дисциплинска постапка против него.
— @TrollFootball Videos (@TF_Video) February 25, 2024