Во Баерн не знаат каде тераат: Сега и Нагелсман бил опција за клупата!

268

Во Баерн Минхен навистина не знаат каде тераат или пак се водат по онаа – човек сфаќа што имал дури кога тоа ќе го загуби.

Како поинаку може да се сфатат последните информации од Минхен дека и Јулиен Нагелсман, актуелниот селектор на Германија и тренер на “баварците“ до пред 11 месеци кога беше буквално истеран од клубот, бил опција за тренер на Баерн. Се разбира од јуни па натака откако Томас Тухел ќе си оди.

Зарем најголемиот германски гигант ќе го враќа Нагелсман? Сите фудбалски фанови во Германија се шокирани од ова, посебно оние на Баерн Минхен.

Инаку и натаму прва опција за тренер е Чаби Алонсо, клубот дури му нуди баслословна годишна плата од 23 милиони евра, но тешко е да се дојде до сегашниот стратег на Леверкузен. Токму затоа Нагелсман бил една од опциите за клупата.

На ова селекторот Нагелсман немал посебен коментар освен тоа дека не му паѓа на памет сега да се враќа на „Алијанц Арена“.

ПретходноЦехте пред вечерашниот дуел со Алборг: Ова ќе биде празник на ракометот, Е. Пелистер посакува победа!
СледноЗарем е можно? Играчите на Манчестер Јунајтед побарале слободен ден по поразот од Фулам!