ЛШ: Магдебург со гол во последна секунда ја совлада Барселона

157

Екипата на Магдебург славеше минимална победа над Барселона со 29:28 во дербито на колото во групата Б од ракометната Лига на шампиони. Тоа е претпоследен меч од групната фаза, а Магдебург со овој триумф се израмни бодовно со Барселона и двете екипи ги држат првите две позиции со по 22 бода.
Првите две екипи одат директно во четвртфинале, а третото место го држи Веспрем кој вечерва славеше кај Монпеље со 37:31 и има 20 бода.
На мечот во Германија, се водеше жестока борба, на полувреме Барса имаше гол предност, а водство имаше и во финишот за потоа Магдебург да ги сврти работите. Гисли со погодок во последната секунда ја обезбеди победата на германската екипа.

ПретходноПо половина век ќе играат полуфинале на Купот на Франција
СледноЕВРОЛИГА: „Стотка“ на Партизан против Ефес, Реал со пораз на свој терен