Нов пораз на Црвена звезда, Армани потклекна пред „фенерџијата“

551

Кошаркарите на Црвена звезда забележаа нов пораз во Евролигата, овојпат на гости кај тимот на Баерн во Минхен со 74:66, со што практично испадна од борбата за место во втората фаза од ова натпреварување.

Кошаркарите на Асвел го совладаа Армани Милано со 81:77 и ги растурија амбициите на Италијанците кои се надеваа на место во плеј-ин, но потфрлија на една од најлесните задачи и доживеаја пораз од „фенерџиите“.

Олимпијакос победи со 95:76 на гостински терен во Каунас против Жалгирис со одлична партија на Томаш Вокап со 22 поени. Олимпијакос е шести со 16 победи и 11 порази.

Монако приреди одлична вечер во Барселона победувајќи ги Шпанците со 77:67, додека Фенербахче славеше дома над Басконија со 111:96.

ПретходноОкафор од клупата за победа на Милан во Рим (ВИДЕО)
СледноНеверојатната ноќ на Лука Дончиќ во Бостон заврши на најлош можен начин (ВИДЕО)