Четири екипи со исти желби да се освои победничкиот пехар наменет за најдобриот во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, тргнуваат на завршниот турнир кој овој викенд (2-3. март) ќе се одржи во СРЦ „Кале“ во Скопје.
Претставниците на четирите финалисти, Баскет кам 2011, Крива Паланка, Вардар и МЗТ Скопје Аеродром на прес-конференцијата ги искажаа своите очекувања во пресрет на полуфиналните средби кои се на програмата денеска. Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја има таа чест да го брани победничкиот трофеј кој го освои во ланското издание на финалниот турнир.
Првата полуфинална пресметка е закажана во 16 часот, а силите ќе ги одмерат Бакет Кам и Крива Паланка, додека пак бранителот на пехарот, МЗТ Скопје патот до финалето ќе го бара против Вардар, дуел кој стартува во 18:30 часот.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
2.МАРТ (САБОТА)
ПОЛУФИНАЛЕ
16.00: Баскет кам 20111 – Крива Паланка
18.30: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром
3.МАРТ (НЕДЕЛА)
16.15: ФИНАЛЕ (пренос МРТ3)