Трајковски заврши на 12. место во скок во далечина на СП во Глазгов

353

Единствениот македонски атлетичар кој учествува на Светското првенство во сала во Глазгов, Андреас Трајковски, денеска се појави на финалните натпревари во скок во далечина освојувајќи го 12. место. Тој имаше најдобар скок од 7.73 метри, кој беше дваесетина сантиметри послаб резултат од неговиот личен и македонски ркорд (7.91), а беше послаб резултат и од неговиот најдобар овосезонски скок од 7.79 метри и не успеа да се пласира во ТОП 10.

Златниот медал го освои Гркот Тентоглу со пресконати 8.22 метри, среброто отиде на градите на Фурлани од Италија (8.22), додека МекЛид од Јамајка со најдобар сезонски скок за него (8.21) го освои бронзениот медал.

ПретходноБехрами победничка на супервелеслаломот во Квитфјел
СледноПандев: Брера има за цел да биде шампион и да игра во Европа