Попладнево се одиграа сите осум средби од 18.коло во ВМФЛ. Лидерот Беса како домаќин без проблеми освои нови три бода со победата над Новаци со 2:0. Стрелци на головите беа Таипи и Емини.
Со истиот резултат Пелистер успеа да слави над Саса, стрелци на головите во Битола беа Б. Љамчевски и Талевски. Детонит полека го губи здивот, пораз денеска кај Арсими со 2:1. Сега Арсими му дојде на Детонит на само шест бода во битката за третото место кое води во баражот за пласман во ПМФЛ.
Беласица како гостин славеше кај Тетекс со 1:2, додека Башкими освои големи три бода против Осогово и тоа со 2:1. Охрид минимално со 1:0 ја совлада Победа.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 18.КОЛО
Арсими – Детонит 2:1
Башкими – Осогово 2:1
Беса –Новаци 2:0
Скопје – Кожув 0:0
Охрид – Победа 1:0
Пелистер – Саса 2:0
Тетекс – Беласица 1:2
Вардар (Н) – Карорман 2:0
ТАБЕЛА
Беса 47, Пелистер 42, Детонит 38, Арсими 32, Охрид 27, Вардар (Н) 27, Башкими 27, Скопје 25…