17 гола на Кузмановски во „тесната“ победа над Пролет

269

Пелистер дојде до нова победа во плеј-офот, откако го совлада Пролет на домашен терен со 32-29. Актуелниот македонски првак потешко од очекувањата дојдоа до триумфот.

Во центарот на вниманието беше Филип Кузмановски. Капитенот на Пелистер одигра уште еден одличен меч, постигна 17 поени, осум во првото полувреме и девет во второто. На другата страна Пролет Андоновски и Димковски имаа по шест гола.

Драма имаше на дербито во Скопје, каде Бутел на домашен терен беше совладан од Тиквеш со 21-22. На овој начин кавадарчани останаа на четвртото место на табелата.

На останатите средби во плеј-аут лигата Скопје беше совладан од Вардар Неготино со 27-30.

ПретходноДориев со гол ја отвори сезоната во Узбекистан (видео)
СледноДоријан Бабунски стрела за Грасхоперс