Артета: Покажавме класа!

106

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета не го криеше задоволството од играта на неговиот тим по победата од 6-0 над Шефилд Јунајтед. Тој ги пофали своите играчи.

„Навистина сум среќен. Секогаш е тешко да се игра на овој стадион. Но, тимот повторно покажа високо ниво, многу желба и класа. Навистина сум задоволен. Со начинот на кој почнавме покажавме колку тимот ја посакува победата. Можеше да се види класата на тимот, решителноста да се оди напред“, рече Артета.

Сепак, тренерот не сака да види опуштање, туку сака тимот да продолжи да се развива.

„Нема време за опуштање. Секогаш сакам да играме подобро, да бараме повеќе од себе, да држиме висок стандард, да играме добро и да се развиваме. Тренираме секој ден со ваков став. Да продолжиме во овој дух, јас се надевам со иста упорност.Токму тоа сакам да го видам“, додаде Шпанецот.

ПретходноКомпанијата која стои зад Супер-лигата тврди дека 72% од навивачите ја поддржуваат идејата
СледноЧервар: Бев среќен кога видов колку пари ќе зема Сигурдсон, знам дека можам да си го вратам долгот!