Шкупи против Санта Клара оди по изненадување!

340

 

Шкупи пред своите фанови вечерва од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, го игра првиот меч од 2.квалификациско коло во Конференциската лига. Ривал е силниот тим на Санта Клара од Португалија. Тим кој речиси да нема никакво европско искуство, но затоа минатата сезона во првенството на некогашниот европски првак, се најде веднаш зад гигантите Спортинг, Порто, Бенфика и Брага. И тоа мора да се респектира, од ова се гледа со каков ривал момците на стратегот Гоце Седлоски вечерва, но и за седум дена на гости, ќе си имаат работа. Тоа е силен тим, но Шкупи нема намера предвреме да се предаде.

Чаирчани ветија максимална борба, максимално почитување на задачите од страна на Седлоски и со помош на своите фанови, кои вечерва секако дека ќе дојдат во пристоен број, посакуваат да направат резултатско изненадување. Да дојдат до резултат кој на реваншот на Азорските острови за седум дена ќе им даде шанса и за сензација и пласман во следната рунда во ова европско натпреварување.

Секако дека вечерва треба да се биде и максимално сконцентриран, да не се прават непотребни грешки и киксови, се знае дека Санта Клара тоа ќе знае да го искористи.

Шкупи треба да ја игра својата игра, да не се залетува, а овој тим од Чаир и тоа како тоа го знае, па видовме како беше на двата меча против Лапи.

Овој Шкупи е кадарен за добар резултат вечерва, има самодоверба, има амбиции, и со малку среќа резултатот ќе дојде.

ПретходноДебакл на Франција на отварањето на ОИ во Токио (ВИДЕО)
СледноГризман пресече, Барса немоќна