Нашата млада репрезентација до 21. години овој месец ја очекува два квалификациски меча за пласман на ЕП, и тоа со Гибралтар и Шведска дома, на 21 и 26 март.
За овие два меча У-21 селекцијата на Македонија ќе биде посилна за Еркан Семовски (19), млад шпиц кој игра во тимот на Коге од Данска. Станува збор за исклучително талентиран напаѓач кој е роден во Данска, но има македонско потекло.
За услугите на Семовски била заинтересирана и Турција, имал понуди да игра за младите селекции на таа земја, но сепак тој прифатил да игра за Македонија.
Веќе на средбите во март со Гибралтар и Шведска ќе го гледаме во дресот на нашата У-21 репрезентација.
Инаку за во јуни нашата млада селекција си закажа две пријателски средби и двете на гости.
На 1 јуни ќе играме со Полска а на 5 јуни со БиХ, рековме веќе и на двете контроли ќе бидеме гости.