Раководството на Интер размислува да му понуди нов договор на Алексис Санчез. Шефовите на „нероаѕурите“ се задоволни од последните настапи на чилеанскиот ветеран, кој наводно одбил понудиод Бразил, Саудиска Арабија и Турција за да остане во Италија.
35-годишниот Санчез се етаблира како важен дел од тимот на Симоне Инзаги, откако забележа помала минутажа во првиот дел од сезоната. Актуелниот договор на чилеанскиот напаѓач истекува на крајот на јуни, но со неговите добри настапи во следните три месеци може да му дадат нов договор.
Алексис Санчез се врати во Интер оваа сезона, забележа 23 настапи на кои постигна 3 гола и исто толку асистенции.