Голем број на португалски медиуми денеска објавија дека актуелниот тренер на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим во новата сезона ќе ја преземе Барселона.
Каталонците сметаат дека тренерот на Спортинг е еден од најдобрите кандидати за замена на Чави и се блиску до договор со него.
Меѓу другите претенденти за Португалецот се споменуваат Ливерпул и Баерн, но и самиот Аморим наводно преферира да ја преземе Барселона.