Баерн (М) успеа комплетно да ја анулира предноста на Лацио од првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите и веќе по првите 45 минути на реваншот во Минхен да дојде до водство од 2:0 кое ги носи кон четвртфиналето.
Хари Кејн во 39. минута и Маријас Де Лигт во втората минута од судиското продолжение погодија во мрежата на Италијанците и донесоа радост на трибините на „Алијанц Арена“, каде уште само едно полувреме ги дели момците на Тухел од следната рунда во најсилното европско натпреварување.
На добар пат кон четвртфиналето е и ПСЖ, кој по првиот дел со 1:0 води на гостувањето кај Реал Сосиедад и веќе има вкупна предност од 3:0 на двата осминафинални дуели. Килијан Мбапе погоди за францускиот првак во 15. минута.