Фудбалерите на Баерн Минхен се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако вечерва во реваншот на „Алијанц Арена“ убедливо го победија Лацио со 3:0. На римјаните не им помогнаа одни 1:0 од првиот меч, затоа што Германците за едно полувреме ја неутрализираа негативата, па дојдоа и до предност.
Хари Кејн во 38. минута ги донесе домашните до водство, а до крајот на полувремето со голот на Де Лихт, Баварците веќе имаа и 2:0.
Второто полувреме беше нешто поразлично по интензитетот на игра, пред се поради тоа што Баерн веќе имаше два гола предност. Сепак, третиот гол во 66. минута на Хари Кејн, практично ја потврди класата на германскиот шампион, а му помогна и н атренерот Тухел да се спаси од отказ.
На дуелот во Баскија, ПСЖ со 2:1 и вторпат го победи Реал (С). За разлика од првиот меч на кој Шпанците не погодија, сега само почесно се простија од Европа со голот на Мерино во 89. минута. Претходно Килијан Мбапе со два погодока го потврди местото на францускиот шампион во следнаа рунда.