Интересно беше утринава на средбите во НБА, посебно на онаа меѓу Денвер и Феникс, на која имаше и продолженија, но на крајот победија Дурент и компанија и тоа со 117:107.
Сепак во преден план беше Никола Јокиќ, кој заврши со 25 поени, 16 скокови и 5 асистенции. Постигна “тројка“ со звукот на сирената, но во еден момент толку се изнервира што просто збесна зошто неговиот тренер Мајкл Мелоун не побара „челенџ“ па затоа со пцовки, на српски, му порача нешто.
Nikola Jokic was BEGGING Michael Malone to challenge this 😂
— ClutchPoints (@ClutchPoints) March 6, 2024
Лука Дончиќ уште еднаш имаше партија за паметење. Го забележа својот четврти трипл-дабл во низа, 39 поени, 10 скокови и 11 асистенции и дојде на чекор до рекорд, до историја во НБА. Имено само Расел Вестрбрук успеал на пет средби во низа да има трил-дабл со +30 поени.
Luka Doncic is frustrated as the Mavs get blown out despite him putting up a 39-point triple double 😬
pic.twitter.com/feOPAUc9kT— Guru (@DrGuru_) March 6, 2024
Сепак ни тоа не беше доволно Далас да победи против Индијана, на крајот беше 120:137.
Секако дека Словенецот беше изнервиран па дури и фрлаше на паркетот пластични шишиња.
На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:
Шарлот – Орландо 89:101, Бруклин – Филаделфија 112:107, Кливленд – Бостон 105:104, Мајами – Детроит 118:110, Њујорк – Аталанта 100:116, Торонто – Њу Орлеанс 98:139, Хјустон – Сан Антонио114:101.