Хорор во Радишани! Парче паркет се „заби“ во стомакот на млада одбојкарка

3359

Избегната е поголема трагедија на одбојкарски натпревар во Македонија и тоа на екипи од Втората лига во женска категорија. Благодарение на екпресната реакција и лекарската интервенција во поликлиниката „Чаир“, млада одбојкарка од екипата на ОК „Универзитет Тетово“, го прежиевеа хоророт кој се случи на натпревар во скопската населба Радишани.

Во саботата се играл натпреварот помеѓу екипите на ОК “Фламинго Волеј“, кој е филијала на „Јанта Волеј“ со екипата на „Универзитет Тетово“. Дуелот се играл во салата „Иван Хаџиниколов“, во Радишани која има лоши услови за работа и подлога која нема критериуми за тренинзи, а не пак за официјални натпревари.

Во текот на натпреварот гостинската одбојкарка се фрлила по топката со своето тело, почнала да се лизга по паркетот кога парче од паркетот се забил во нејзиниот стомак. Настанала голема паника, многу крв по подлогата…. Експресна реакција на лекарите во салата и брз транспорт во најблиската лекарска клиника. Натпреварот е прекинат а по истиот требало да се одигра и меч од машка конкуренција кој е одложен.

Во какви сали се играат натпревари, кубовите знаат ли дека со ваквите одлуки, да играат по сали кои немаат услови, ги жртвуваат животите на своите и играчите на противничките екипи.

За среќа овој хорор во Радишани има среќен крај и нема фатални последици. Но кој ќе го врати стресот кај сите девојки во салата, хоророт низ кој мина повредената одбојкарка, нејзината фамилија и најблиски…

Иако има недостиг на сали и Одбојкарската федерација преку официјалните лица треба да води сметка за условите и хигиената во објектите каде се играат барем официјалните натпревари.

ПретходноРадески: Нема дилеми, Струга ТЛ против “лавовите“ оди на победа!
СледноСоседско дерби бр.75: Вардар VS Работнички во жестока битка за бодови!