ПМФЛ: Кој ќе стартува како лидер во третиот круг? Ќе биде жешко во Штип и Струмица, Тиквеш го дочекува Силекс…

763

Денеска со натпреварите од 22.коло од 14 часот, завршува вториот круг во тековната сезона во ПМФЛ. Веднаш по завршувањето ќе се знае и распоредот на третиот круг.

Секако дека интересно ќе биде да се види која екипа ќе стартува како прва во последниот дел од сезоната, а за тоа шанси имаат Шкупи (43 бода), Струга ТЛ (42) и Шкендија (42 бода).

Шампионот игра дома со Македонија ЃП, додека и тоа како ќе биде жешко во Штип, каде Шкупи и гостува на Брегалница и во Струмица, каде Шкендија и гостува на Брера.

Вардар и Работнички по 75. пат ќе ги одмерат силите, денеска на Маџари, додека во Кавадарци домашниот Силекс посакува победа и со тоа и во четвртиот меч да го остави Александар Васоски, како тренер на кратовци, без победа.

Во Охрид домашната Воска ќе се обиде конечно да го урне силниот Гостивар кој нема пораз од септември.

ДВОЈКИ ЗА 22. КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Вардар – Работнички

Брегалница – Шкупи

Тиквеш – Силекс

Струга ТЛ – Македонија ЃП

Воска – Гостивар

Брера – Шкендија

ТАБЕЛА

Шкупи 43, Струга ТЛ 42, Шкендија 42, Силекс 29, Гостивар 29, Работнички 27, Брера 26, Тиквеш 26, Воска 24, Вардар 21, Брегалница 20, Македонија ЃП 18…

ПретходноКанте по 10 години доби црвен картон, еве што се случи кога излегуваше од теренот! (ВИДЕО)
СледноШокантно: Карло Анчелоти се соочува со затворска казна од 5 години!