Полувреме: Шампионот му го прави кошмарно дебито на Грнчаров, без голови на Маџари, супер гол на Јусуфи, води и Тиквеш! (ВИДЕО)

1271

Завршија првите полувремиња од шесте средби од 22.коло во ПМФЛ.

Во Струга домашната Струга ТЛ има водство од 2:0 против Македонија ЃП, и двата гола паднаа во раната фаза од мечот, преку Шабани и Радески. Со ова стружани му го прават кошмарно дебито на Бобан Грнчаров на клупата на „лавовите“.

На Маџари во соседското дерби Вардар и Работнички играат 0:0, иако “гостите“ имаа повеќе од играта, имаа и два зицери, Мурати ја погоди и стативата на Вардар, маестрален е младиот Манојлов, но Гачевски брани и тоа како.

Воска со супер голот на Јусуфи, по маестралната акција со Марушиќ, води со 1:0 против Гостивар.

Тиквеш со голот на Робертињо води со 1:0 против Силекс, а во Штип и Струмица нема голови.

ПретходноСудиска анализа: Гостивар оштетен на мечот со Брера!
СледноЖална вест: Почина познатиот македонски бодибилдер Мирко Петровски