ПМФЛ: Вардар со големи три бода, шампионот влегува како лидер во третиот круг, супер Тиквеш, Елмас го спаси Гостивар! (ВИДЕО)

1781

Попладнево се одиграа сите шест средби од 22.коло, последно од вториот круг сезонава во ПМФЛ. На Маџари во 75.соседско дерби Вардар со 1:0 го победи Работнички и тоа со гол од корнер на Дарко Глишиќ. Големи три бода за вардарци во битката за опстанок. Имаше шанси Работнички, но Гачевски спасуваше.

 

Струга ТЛ славеше со 2:1 против Македонија ЃП. Ова значи дека стружани се вратија на лидерската позиција и како први влегуваат во третаиот круг. Прва пролетна победа на шампионот. Шабани и Радески “стрелаа“ за 2:0, но Алији намали на 2:1. Ова значи дека Бобан Грнчаров стартуваше со пораз на клупата на “лавовите“.

 

Брегалница и Шкупи одиграа без голови во Штип. Чаирчани имаа повеќе шанси, имаа и пенал но Воша не го искористи, поточно голманот Јанков одбрани.

Со истиот резултат заврши и средбата меѓу Брера и Шкендија. Тетовци атакуваа, имаа шанси но без успех.

Овие две ремија најмногу ги израдува стружани кои се први со 45 бодови, Шкупи е втор со 44 и Шкендија трета со 43 бода.

Воска се до финишот водеше против Гостивар со 1:0, но тогаш младиот Елмас постигна ефектен гол за конечни 1:1.

 

Супер Тиквеш. Тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов го победи Силекс со 1:0 со голот на Робертињо. Васоски и во четвртиот меч не знае за победа како тренер на кратовци.

 

РЕЗУЛТАТИ ЗА 22.КОЛО

БРЕРА – ШКЕНДИЈА 0:0

БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 0:0

СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:1

(Шабани 13., Радески 21./Алији 49.)

ТИКВЕШ – СИЛЕКС 1:0

(Робертињо 20./)

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 1:0

(Глишиќ 56./)

ВОСКА – ГОСТИВАР 1:1

(Јусуфи 24./Елмас 83.)

ПретходноГлишиќ погоди од корнер (видео)
СледноНеверојатно: Силекс на Васоски и во четвртиот меч оваа пролет не успеа да постигне гол!