Матис Тел се обврза на нова соработка со Баерн (М) до 2029 година

63

Германскиот шампион Баерн (М) денеска соопшти дека го продолжи договорот со младиот фудбалер Матис Тел.

Германскиот великан објави потпишување на нов договор со 18-годишниот напаѓач кој ќе има важност до 2029 година.

Оваа сезона Французинот одигра 20 натпревари во Бундеслигата, постигна 4 гола и даде 3 асистенции. Според многумина, тој е еден од најголемите таленти со кој моментно располага баварскиот состав.

ПретходноЛЕ: Спортинг може да биде среќен со ремито против Аталанта (ВИДЕО)
СледноГерманија е подготвена да го чека Клоп до 2025 само за да биде нов селектор