ЛШ: Реал се изнамачи за четвртфинале, Манчестер Сити вторпат подобар од Копенхаген (ВИДЕО)

191

Реал (М) со големи маки остана непоразен на домашен терен (1:1) во реванш осминафиналето против РБ Лајпциг и успеа да се пласира во четвртфиналето на најсилното европско клупско натпреварување. Во меч во кој Германците одиграа подобро и имаа поголем број шанси за гол во првиот дел, Реал (М) успеа во второто полувреме прв да дојде до водство, што можеби беше и клучно за конечниот распет на овој двомеч.

Лајпциг цело прво полувреме го држеше под опсада голот на Реал, но напаѓачите не успеаја да најдат пат до мрежата на Лунин. По голот на Винисиус во 65. минута со кој Реал поведе со 1:0 се чинеше дека се е готово, но Лајпциг се врати за израмнување смао три минути подоцна преку Вили Орбан (1:1). Истиот фудбалер имаше уште една одлична шанса за гол која не ја искористи, а и Реал во финишот преку Родриго можеше да дојде до гол за победа.

Сепак, благодарение на оној гол од Лајпциг, момците на Анчелоти и со овие 1:1 одат во следната рунда. Нашиот Елиф Елмас почна од клупата, а доби шанса во 85. минута кога влезе на местото на Шлагер.

Бранителот на титулата, Манчестер Сити во првото полувреме го реши прашањето за место во четвртфиналето. Момците на Пеп Гвардиола со три гола во првите 45. минути ја потврдија класата за ФК Копенхаген и влегоа во групата од осум најдобри европски тимови и оваа сезона победувајќи и вторпат со 3:1.
Во 5. минута Аканџи погоди за 1:0, а Алварез во 9. минута зголеми на 2:0. ФК Копенхаген успеа да изнуди аплаузи со еден погодок во 29. минута преку Елјунуси, но во судиското продолжение во првото полувреме, Халанд не пропушти да се запише во листата на стрелци и да го доведе својот тим до 3:1.
ПретходноАуди сега и официјално е 100% сопственик на Заубер
СледноБалотели и глупостите: Фрли петарда во соблекувалната на Адана (ВИДЕО)