Голден Стејт го „растури“ Милвоки, Богдановиќ ја имаше главната улога (ВИДЕО)

113

Три дена после срамниот пораз од Бостон, Голден Стејт се исправи и дојде до убедлива победа против Милвоки од 35 поени (125-90). Вориорс за првпат во последните три месеци одиграа во најсилен состав и беа неверојатни во последната четвртина во која постигнаа 32 поени, а примија само девет.

Стеф Кари беше прво име на теренот со 29 поени, додека кај Џонатан Куминга постигна 20 поени во победата. На другата страна во редовите на поразениот состав, Адетокумбо имаше 23 поени, Лилард запиша 20.

Со оваа победа, Голден Стејт се врати на деветото место во Западната конференција.

Кошаркарите на Атланта Хокс на домашен терен го победија Кливленд Кавалирс со резултат 112:101. Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ ја предводеше Атланта со 23 поени, два скока и шест асистенции. Кај гостите се истакна Ален, кој имаше дабл-дабл учинок од 18 поени, 19 скока и три асистенции.

Резултати:

Вашингтон Визардс – Орландо Меџик 109:119
Атланта Хокс – Кливленд Кавалирс 112:101
Хјустон Рокетс – ЛА Клиперс 116:122
Филаделфија 76ерс – Мемфис Гризлис 109:115
Јута Џез – Чикаго Булс 117:119
Голден Стејт Вориорс – Милвоки Бакс 125:90
Портланд Трејл Блејзерс – Оклахома Сити Тандер 120:128
ЛА Лејкерс – Сакраменто Кингс 120:130

ПретходноКошаркар на Оклахома се онесвести за време на меч (ВИДЕО)
СледноМожното еспско полуфинале на Индијан Велс остана само пуста желба