Тренерот на Баерн, Томас Тухел ги откри причините поради кои поранешниот напаѓач на Гранада, Брајан Сарагоса не е во конкуренција за првиот тим. Шпанецот дојде како последно засилување на Баерн во зимскиот преоден рок, досега одигра само 20 минути во поразот од Бохум со 2:3.
Тухел објасни дека јазикот е главната причина поради која Сарагоса има потешкотии да се интегрира во екипата.
„Не знае јазик. Тешко му е да зборува англиски и германски, а тоа е основното нешто. Трансферот го реализиравме затоа што сакавме да се осигураме дека ќе дојде кај нас и потоа да му дадеме време за адаптација. Ми беше јасно дека ова е голем чекор за него. Го гледаме и неговиот квалитет, но исто така приметуваме дека интеграцијата тешко оди поради јазикот. Затоа ќе ни треба уште време“, изјави Тухел.