“Бомба“: ПСЖ со 200 милиони евра тргнува по Ламине Јамал!

282

Како што денеска пишува “Марка“, и дефинитивно ПСЖ го одбрал фудбалерот кој би требало да биде замена за Килијан Мбапе. А тоа е ни повеќе ни помалку фантастичниот тинејџер на Барселона, Ламине Јамал (17 години).

Катарските шеици не прашуваат за пари, имено тие се подготвени на Барса да и платат отштета од цели 200 милиони евра, а платата на Ламал да биде една од најголемите во светот на фудбалот.

Секако дека Барса е во финансиски проблеми, овие 200 милиони евра, ако не и повеќе, и тоа како добро ќе и дојдат, но сепак опва е тешко остварливо.

Тие 200 милиони евра би биле вториот најголем трансфер во историјата по оние 222 милиони на Нејмар, кога исто од Барса се пресели во ПСЖ во таа 2017 година.

ПретходноПелистер на „тест“ во кавадаречкиот пекол, дерби во Автокоманда
СледноСаботен кошаркарски маратон: МЗТ Скопје нема право на кикс против ТФТ