Вардар 1961 лесно го доби дерби мечот против Алкалоид (ФОТО)

679

Дербито на петтото коло во плеј-офот му припадна на Вардар 1961, кој убедливо славеше на гостувањето кај Алкалоид 23-27. За вицепрвакот ова беше втор пораз во низа, кој го симна од второто место на табелата, кое сега му припаѓа на ГРК Охрид. Вардар 1961 пак се изедначи бодовно со Алкалоид, двата тима имаат 12 бода, а поради триумфот „црвено-црните“ се пред „сините“.

Мартин Томовски беше на висина на задачата со 13 одбрани, прв стрелец беше Срдановиќ со 7 гола, четири имаа Лазаревски, Николиќ и Јасухира. На другата страна Серафимов беше стрелец на осум погодоци.

Избраниците на Кирил Лазаров беа рамноправен противник до 13 минута (6-7) по која „црвено-црните“ со серија од 1-7 поведоа со највисоки плус седум (7-14), позитива која ја имаа пред одморот (8-15). По првите 30 минути резултатот беше 8-16 во корист на Вардар 1961.

Гостите продолжија во ист ритам на стартот на второто полувреме, на двапати беа до гол да поведат со двоцифрена разлика, но не реализираа, беше 11-20, 12-21 и 13-22. На другата страна Алкалоид беше рамноправен противник во овој дел, но тоа не беше доволно за да се приреди пресврт.

Домашниот тим во 50. минута успеа да намали на 19-24, не искористи три напади за да дојде на четири гола разлика, не искористи ни тоа што имаше играч повеќе на теренот. Кончено тоа го стори Митев, во 55. минута резултатот беше 20-24, а серијата 1-6. Родригез, Срдановиќ и Аларов го прекина налетот на противникот за 20-27. Ова беше доволно за да вардарци го осигураат триумфот.

Во рамките на плеј-аут лигата, Пелистер 2 славеше против Скопје на домашен терен со 39-22.

Сега следи пауза поради ЕХФ неделата во која Македонија ќе одигра два пријателски натпревари против Романија на гости.

ПретходноКлоп: Ќе бидам казнет, но имаше пенал и треба да се зборува за тоа
СледноАталанта водеше, Јувентус направи пресврт, а на крајот ги поделија бодовите