Лазаров прозива, тројца ракометари отпаднаа од првичниот список!

3153

Македонската машка ракометна репрезентација стартува со подготовките за она што следува во мај, а тоа е бараж мечот против Фарски Острови за пласман на пласман на Светското првенство 2025 година. Селекторот, Кирил Лазаров за денеска (16 часот) во хотелот „Александар Палас“ ја закажа прозивката во рамките на ЕХФ неделата во која нашите ракометари ќе одиграат два пријателски натпревари.

Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Романија, контролните мечеви ќе се играат во градот Браила на 15. и 16. овој месец.

Од првичниот список од 21 играч на Лазаров ќе има промени бидејќи тројца ракометари се повредија. Најсериозна е повредата на Ненад Костески, кој долго време ќе биде надвор од терените. Лазаров поради иста причина нема да смета и на Павле Атанасијевиќ, и на Томислав Јагуриновски.

ПретходноПол Погба доби понуда од Русија со месечна заработка од 1.500 евра
СледноМакедонија У-15 ќе одигра два контролни меча со Хрватска