Едноставно не може без фудбалот. Рускиот милијардер Роман Абрамович, барем според пишувањето на медиумите во Шпанија, има намера да ја купи Валенсија, односно да го купи мнознскиот дел од пакетот акции на еден од најголемите клубови во Ла Лига.
Познато е дека газда Роман мораше да си замине од Челзи пред две години по нападот на Русија врз Украина, беше натеран да го продаде двократниот европски првак, клуб кој токму во негово време се издигна во гигант.
Интересно е што утринава медиумите во Шпанија ја лансираа веста дека Столе Димитриевски веќе се договорил со Валенсија и во следната сезона ќе го брани голот на тимот од “Местаља“.