Без Филип Кузмановски на дуелите против Романија

248

Македонската ракометна репрезентација повторно се собра, овој пат во рамките на ЕХФ неделата која Кирил Лазаров ќе ја искористи за подготовка за важните битки во мај против Фарски Острови, кои носат пласман на СП 2025.

Од првичниот список предводникот на нашиот најдобар национален тим нема да смета на Ненад Костески, Тамислав Јагуриновски, Павле Атанасијевиќ  и Филип Кузмановски. На повреда се жали и Милан Лазаревски, но останува неизвесен за настап.

Повикан е дополнително Давид Савревски, после првиот тренинг Лазаров ќе одлучи дали ќе повика уште некој ракометар.

Македонија на 15-ти и 16-ти игра против Романија на гостински терен.

ПретходноПознати ривалите: Одбојкарите преку Грција и Грузија до нов настап на Европско првенство
СледноЛазаров: Добро ќе ни дојдат овие две контроли со Романија!