По седми пат сезонава Ненад Димитријевиќ е во „Дрим тимот“ во ВТБ-лигата

261

Ненад Димитријевиќ продолжи да блеска оваа сезона во дресот на Уникс Казан. Македонскиот репрезентативец е главната причина за бројните победи на својот тим, па токму затоа не е чудо што често пати е во тимот на неделата.

Димитијевиќ се најде во најдобрата петорка (за период од 4. до 10. мар) во овој шампионат. За потсетување тој постигна во просек 31 поен и 4 асистенции на двата дуели против ЦСКА Москва и Парма.

Инаку, Димитријевиќ по седми пат се наоѓа во тимот на колото во ВТБ-лигата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UNICS Kazan (@unicsbasket)

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Шпетим Дуро (Струга ТЛ)
СледноКоментар на 23.коло: Дали Захов и го “украде“ сонот на Шкендија за нова титула?