Третолигаш во полуфинале на германскиот куп: По Баерн и Ајнтрахт ја „средија“ и Борусија (М)

307

Сензационалниот германски третолигаш Сарбрикен, малку на среќа, малку со упорност ја совлада Борусија Менхенгладбах во последното четвртфинале на Купот на Германија со 2:1 и обезбеди полуфиналето по петтипат во клупската историја.

По елиминациите на Карлсруе, Баерн (М) и Ајнтрахт Франкфурт, Амине Наифи (11.) и Каи Брункер (90.+ 3) обезбедија уште една сензација за Сарбрикенкои го повторија успехот од 2020 година кога исто така стигнаа до полуфиналето, но тогаш како тим од регионалната лига.

На 2 април Сарбрикен ќе се обиде да направи уште едно изненадување против второлигашот Кајзерслаутерн и да обезбеди историско финале.

ПретходноКобајаши победи во Трондхајм и остана во трка за шампионската титула
СледноЛШ: Барселона потврди четвртфинале, продолженија во Лондон (ВИДЕО)