Иако Чави Ернандез децидно и јасно кажа дека по завршување на сезоната ќе се оди од Барселона, а тоа го потврди и вчера по пласманот на Барселона во 1/4 финалето во ЛШ, сепак некои работи можат да се сменат.
Посебно ако се знае дека играчите побарале од својот тренер тој да остане и наредната сезона. Секако дека за ова треба да “пресече“ претседателот Хоан Лапорта, кој не крие дека е заинтересиран Чави да остане во клубот како тренер.
Инаку Барса веќе е во преговори со неколку тренерски имиња како Флик, Тухел, Нагелсман, Маркез…