Ова го има само во Премиерлигата: Од 0:3 на полувреме, до победа од 4:3

270

Фудбалерите на Борнмут со голем пресврт каков што одамна не сме виделе, го победија Лутон по 4:3 во заостанатиот меч од 17. коло од Премиер лигата.

Лутон водеше со 3:0 по првиот дел од мечот, но домашните успеаја да го свртат мечот и на крајот да слават со 4:3.

Лутон во првиот дел го надигра домаќинот и со головите на Чонг, Огбене и Баркли дојде до високи 0:3, но никој не веруваше дека оваа предност може да ја загубат и на крајот да зминат поразени.

Домашните во вториот дел почнаа силно и до 64. минута веќе имаа реми. Соланке, Забарни и Семенио погодија за 3:3, а победата на Борнмут ја донесе Семенио со вториот гол во 83. минута.

ПретходноБарселона подготвена да го продаде Араухо
СледноЛШ: Борусија го мина ПСВ за четвртфинале, продолженија во Мадрид (ВИДЕО)