Победата на Атлетико над Интер е лоша вест за Барселона

5360

Драматичната победа на Атлетико Мадрид го елиминира Интер од ЛШ по подобро изведување на пеналите, а пласманот на „јорганџиите“ во четвртфиналето не ја израдува Барселона, пишуваат шпанските медиуми.

Со тоа Атлетико ќе учествува на Светското клупско првенство догодина за сметака на „каталонците“. Тоа е доста непријатна вест за Барселона која, покрај лошата финансиска состојба, ќе остане без сериозни приходи од неучеството на СКП.

Учеството на СКП би донело 50 милиони евра. Од Шпанија, Реал Мадрид е сигурен учесник на најновиот клупски шампионат, а Атлетико е другиот тим, а Европа има право на уште две квоти (РБ Лајпциг ќе биде другиот учесник, освен ако Арсенал не ја освои Лигата на шампионите).

На Барселона ќе и биде многу тешко да ги измести „јорганџиите“ од позицијата. Каталонскиот тим ќе треба да забележат две победи и уште едно реми во следните четири меча во ЛШ. Со други зборови Барселона треба со сигурност да се пласира во полуфиналето, но и Атлетико да ги изгуби двата четвртфинални натпревари.

За СКП веќе се пласираа 10 клубови – Челзи, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Јувентус, Интер, Порто, Бенфика и Борусија Дортмунд.

ПретходноСупер засилување за Пелистер – се врати голманот Никола Митревски
СледноГерманците со шест дебитаннти и двајца ветерани-повратници