Чуварот на мрежата на РК Бутел, Александар Стојаноски го продолжи договорот со клубот. Тој се обврза да брани за овој скопски клуб и во наредните три сезони, поточно ќе остане најмалку до 2027 година.
Инаку тој дојде во редовите на Бутел од Искра од БиХ. Инаку тој претходно играше за Младост, Зомимак, Струга, Тиквеш, Борец и Јуниор Кисела Вода.