Винисиус бара УЕФА да го казни Атлетико (М) за извиците „Винисиус шимпанзо“ на мечот со Интер (ВИДЕО)

187

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор побара од УЕФА да преземе мерки и да ги казни соседите Атлетико Мадрид поради однесувањето на навивачите на синоќешниот меч со Интер. Барањето на Бразилецот се темели на објава на социјалните мрежи на која се гледа како поддржувачите на Атлетико извикуваат „Винисиус шимпанзо“, додека го чекаат автобусот на нивниот тим.

„Се надевам дека веќе сте размислувале за казна. Тоа е тажна реалност што се случува дури и на натпревари на кои не сум вклучен“, рече Винисиус.

Ла Лига веднаш ги осуди расистичките скандирања на вчерашниот натпревар меѓу Атлетико Мадрид и Интер и објави дека пријавуваат злосторства од омраза кај обвинителството.

ПретходноКЛ: Динамо се посрамоти во Солун, Фенер и со пораз до четвртфинале (ВИДЕО)
СледноЕвролига: Ц. Звезда водеше со 18 поени разлика и на крајот загуби од Макаби ТА