КЛ: Динамо се посрамоти во Солун, Фенер и со пораз до четвртфинале (ВИДЕО)

143

Стефан Ристовски и Динамо (З) добија „петарда“ на гостувањето во Солун во реванш дуелот од четвртфиналето на Конференциската лига против ПАОК и со тоа неславно ги завршија настапите во Европа. ПАОК вечерва славеше со 5:1 и комплетно ја надомести негативата од два гола од првиот меч на „Максимир“.

Фенербахче дозволи пораз на домашен терен од белгиски Унион од 0:1, но резултатот не одлучи за пласманот во следната фаза, зато ашто Турците првиот меч на гости го добија со високи 3:0.

Фиорентина одигра 1:1 дома против макаби и успеа да ја задржи минималната предност од првиот меч кој го доби со 4:3.

Мечот меѓу Викторија Плзен и Сервет отиде на продолженија, откако и по 180 минути дуелите на овие два тима не донесоа ниту еден гол.

ПретходноЛЕ: Вест Хем го „растури“ Фрајбург, Виљареал за малку ќе направеше чудо (ВИДЕО)
СледноВинисиус бара УЕФА да го казни Атлетико (М) за извиците „Винисиус шимпанзо“ на мечот со Интер (ВИДЕО)