Евролига: Ц. Звезда водеше со 18 поени разлика и на крајот загуби од Макаби ТА

111

Кошаркарите на Црвена звезда претрпеа нов пораз во Евролигата, овој пат на домашен терен од Макаби ТА, иако во еден дел од мечот имаа предност и од 18 поени. Ниту оваа солидна позитива не беше доволна, белграѓани да се израдуваат на нов триумф во најсилното европско натпреварување, па на крајот дозволија да го запишат и петтиот последователен пораз.

Макаби ТА на крајот славеше со 84:80 откако последната четвртина ја доби со 12 поени разлика.

Претходно денеска, Фенербахче на домашен терен славеше против екипата на Валенсија со преубедливи 118-88, додека Олимпијакос го доби грчкото дерби против Панатинаикос со 71-65.

ПретходноВинисиус бара УЕФА да го казни Атлетико (М) за извиците „Винисиус шимпанзо“ на мечот со Интер (ВИДЕО)
СледноСалах со нов рекорд: Прв фудбалер на Ливерпул кој седум сезони постигнува најмалку 20 гола! (ВИДЕО)