Драма на Индијан Велс: Алкараз избега од теренот (ВИДЕО)

1649

Дуелот меѓу Карлос Алкараз и Александар Зверев на Индијан Велс беше прекинат поради рој пчели. Летаа на сите страни, го нападнаа Шпанецот и тој веднаш со рекет в рака истрча кон соблекувалната.

Ваквите сцени се невидени, особено дека станува збор за голем турнир, но секако многу непријатна за сите што беа на теренот. Затоа судијата итно донесе одлука да го прекине дуелот, а тенисерите да се повлечат додека не се смири ситуацијата.

Откако целата ситуација се смири и еден од вработените со машина успеа да ги тргне пчелите, Алкараз немаше проблеми, кој рутински го совлада германскиот тенисер со 6:3, 6:1 и помина во полуфиналето каде го чека Јаник Синер.

Младиот Италијанец во подем, исто така, рутински го доби својот меч против Јиржи Лехечка со 6:3, 6:3 и продолжи да собира АТП бодови во трката за првото место на Новак Ѓоковиќ.

ПретходноОд Чаир порачаа: МЗТ Скопје измислува!
СледноБостон прв до плеј-офот во НБА-лига (ВИДЕО)