И кога не е на највисоко фудбалско ниво, Манчестер Јунајтед сепак привлекува спонзори кои се подготвени да вложат огромни пари во тимот од „Олд Трафорд“.
Една од таквите компании е германската Адидас, која договори нова соработка со Јунајтед вредна 90.000.000 фунти годишно почнувајќи од следната сезона, но со еден интересен услов.
Имено, секогаш кога „црвените ѓаволи“ нема да успеат да се пласираат во Лигата на шампионите, ќе мора да му платат на Адидас казна од 10.000.000 фунти.
Слична клаузула постоеше и во актуелниот договор, но таа вклучуваше казна само во случај клубот две години по ред да не влезе во друштво на најдобрите европски екипи.
Секако во договорот има и награди, па клубот ќе добие 4.400.000 фунти доколку машката или женската екипа освои трофеј во домашното првенство, ФА Купот или континенталното натпреварување.
Повеќе мотивација за сите на „Олд Трафорд“ со оглед на тоа што актуелниот договор со техничкиот спонзор е вреден 75.000.000 фунти годишно.