Ал-Итихад не успеа да го убеди Мохамед Салах да премине во нивните редови, парите не им помогнаа многу, а сега овој тим се сврте кон уште една ѕвезда од Премиер-лигата.
Напаѓачот на Тотенхем, Ричарлисон (26) е новата цел на Ал-Итихад. Островските медиуми пишуваат дека клубот од Саудиска Арабија е подготвен да понуди околу 100 милиони евра, но сепак ова е само шпекулација, но интерес за овој фудбалер има.
Во целата приказна, се прашува и Тотенхем, не само фудбалерот, кој е обврзан со договор со лондонскиот клуб до 2027 година.
Моменталната вредност на Ричарлисон е 40 милиони евра, а доколку би заработиле двојно поголема цена, сигурно би биле задоволни во Тотенхем.
Но, прашањето е дали Бразилецот сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија во своите најдобри фудбалски години? Ќе видиме дали парите ќе одлучат летово.
Ричарлисон дојде во Тотенхем во 2022 година по одличните игри во Евертон, а претходно беше член на Ватфорд, кој беше негов прв европски клуб по доаѓањето од Флуминенсе во 2018 година.
Тој за својата репрезентација одигра 48 натпревари и постигна 20 голови.