Младинската ракометна репрезентација на Македонија и вторпат загуби од Хрватска. На пријателскиот двомеч во рамките на ЕХФ неделата, избраниците на Раде Стојановиќ го претрпеа и вториот пораз од Хрватска.
Денеска се одигра вториот меч од затворен карактер кој гостите го добија со 34:28. Во првиот меч одигран вчера нашите ракометари одиграа нерешено 28:28.
Денеска на вториот меч Узунчев повторно имаше двоцифрен број на погодоци (11), а Михајловиќ постигна 8.
Пред настапот на Европското првенство во Словенија, младинците ќе имаат уште две контроли со Чешка.