ФА Куп сензација: Ковентри го елиминираше Вулфс со голови во 97. и 100. минута!

114

Во прекрасен натпревар се случи големо изненадување во четвртфиналето на англискиот ФА Куп, откако Ковентри стана првиот полуфиналист.

Осмопласираниот тим од Чемпионшип го совлада Вулверхемптон со 3-2 на гостински терен на неверојатен начин, постигнувајќи голови за пресврт во седмата и десеттата минута од судиското надополнување.

Тешко е навистина да се опише се што се случи во Вулверхемптон денес, а потценувањето кое очигледно го направија „Волците“ за својот ривал ги умишти.

Гостите одиграа одлично во текот на целиот меч и поведоа во 53. минута. Одржуваа предност се до 83. минута кога домашните израмнија, а во 88. „волците“ веќе и поведоа со 2:1.

Во тој момент веројатно сите навивачи на домашните почнаа да размислуваат за големото полуфинале во Лондон, но не и гостите. Се играше 97. минута, кога Ковентри нападна и Симс со глава ја затресе мрежата за 2:2.  Во точно 100. минута гостите најдоа сили и за победа. Симс овојпат беше асистент, а стрелец беше Рајт.

ПретходноЕуфорија на Маџари: Вардар води…и уште една порака – ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА! (ВИДЕО+ФОТО)
СледноПолувреме: 1:0 на дербито, Вардар одличен а Шкендија бледа, гол уште и во Ѓорче! (ВИДЕО)