Струмица се врати од пораз до победа, утре дерби за второто место

95

Лидерот на на табелата во Првата лига за жени, Струмица, го преживеа второто тешко гостувањето во Скопје за неполна недела. Откако го претрпеа првиот пораз сезонава на гостувањето кај Работнички, струмичанки во дербито на 5. коло славеа тешка победа на гостувањето кај Јанта Волеј со 3:2.

Домашниот тим тргна одлично и ги доби првите два сета за водство и најава за победа. Сепак, одбојкрките на Струмица успеаја комплетно да се вратат во мечот и во следните три сета да направат голем пресврт за победа.

За утре е закажано уште едно големо дерби и тоа во Струмица меѓу трето и четврто пласираните екипи на табелата, Наковски волеј и Работнички. Од овој меч ќе зависи и комплетниот распоред на дуелите за разигрувањето за титулата.

Прва лига (жени), Втора фаза-1, 5. коло

Јанта волеј – Струмица                        2:3 (25:22 25:20 24:26 22:25 10:15)

Наковски волеј – Работнички Скопје              (понеделник, 19.00, МРТ-3)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (51); 2. Јанта Волеј (34); 3. Наковски В. (32); 4. Работнички (32).

Прва лига (жени), Втора фаза-2, 5. коло

Младост УГД – Фит фан волеј                       2:3 (25:22, 25:20, 24:26, 21:25, 11:15)

Вардар ЕМ – Вардар 2019                            3:0 (25:12, 25:19, 25:10)

ТАБЕЛА: 1. Фит Фан Волеј (33); 2. Младост УДГ (24); 3. Вардар ЕМ (13); 4. Вардар 2019 (0).

ПретходноКовач е минато: Волфсбург му врачи отказ на хрватскиот стратег
СледноНеверојатно: Она кога несакајќи со помош на ветерот од своја половина ќе дадеш гол! (ВИДЕО)