Јуве со нов кикс, Џенова си “лапна“ бод во Торино!

62

Во меч од 29.коло во Серија А, Јуве на свој терен во Торино не успеа да слави над Џенова, иако пред мечот беше голем фаворит. Сепак на крајот резултатот гласеше 0:0. Нов кикс на тимот на Макс Алегри и ново разочарување за фановите на гигантот од Торино.

Јуве имаше шанси, двапати ја погоди и стативата на гостите, но сепак немаше среќа. Сепак генерално ова беше уште една бледа, да не кажеме лоша партија на тимот на Алегри.

Токму затоа и фрустрацијата кај домашните играчи, посебно кај Душан Влаховиќ кој во самиот финиш доби црвен картон и мораше предвреме да го напушти теренот.

Ова беше прв црвен картон за Србинот како играч на Јуве.

За крај да кажеме дека во изминатите 8 средби во Серија А, Јуве денеска го освои осмиот бод од можни 24. Нема што, продолжува лошата серија на овој тим.

ПретходноПМФЛ – ЖЕНИ: Љуботен си гази, фудбалерката на Тиверија Теодора Шопов постигна пет гола
СледноНовак му подари рекет на Кари, а доби дрес од мега – ѕвездата на Голден Стејт! (ФОТО+ВИДЕО)