Откако синоќа и дефинитивно беа познати сите 12 репрезентации за Олимпискиот турнир во ракомет, сега познати се и шеширите пред ждрепката која ќе се одржи на 16 април.
Од 12 селекции дури 9 се од Европа, две од Балканот и тоа Хрватска и Словенија, потоа по еден претставник од Африка, Ј. Америка и Азија.
Ќе се игра во две групи со по 6 селекции а првите четири селекции од двете групи ќе се пласираат во 1/4 финалето.
ШЕШИР-1: Данска/Шпанија
ШЕШИР-2: Хрватска/Норвешка
ШЕШИР-3: Унгарија/Германија
ШЕШИР-4: Словенија/Франција
ШЕШИР-5: Шведска/Египет
ШЕШИР-6: Аргентина/Јапонија