Костоски и Планиниќ го предводеа Пелистер до победа над Борац

226

Екипата на Пелистер ја забележа петтата победа во АБА2 лигата откако на отворањето на турнирот во Широки Бријег славеше победа над Борац со 73-72 во драматичен финиш. На стартот Борац беше подобар, но потоа Пелистер ги зема работите под контрола и играше се подобро.
Во финишот малку недостасуваше Пелистер да остане без победата. На помалку од три минути до крајот Борац со тројка на Делалиќ поведе со 67-72. Но на сцената стапи Јуре Планиниќ кој со својата добра игра ги врати „зелено-белите“ во игра. Со три реализирани слободни фрлања Хрватот намали на 70-72, а по офанзивен скок на 40 секунди пред крајот му асистираше на Александар Костоски кој погоди тројка за 73-72 што и беше конечен резултат.
Планиниќ заврши со 21 поен и 15 скокови, а Костоски реализира 14 поени, додека 13 поени реализира Најт.

Ова е првиот меч од последниот турнир во АБА 2 лигата во регуларниот дел. До крајот остануваат уште два меча, а Пелистер е многу блиску до плеј-офот.

ПретходноКоментар на 24.коло: Вардар цели 80 минути ја имаше Шкендија в “раце“, на крајот пак не ја победи!
СледноБЏК куп: Македонија во Литванија на мечеви од Втората група од Евро-африканската зона