Пеп: Репрезентациите не ме интересираат, одам да одморам во Каталонија

244

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека нема да ги гледа претстојните натпревари на репрезентациите, туку комплетно ќе одмори од фудбалот. Тој откри дека нема да остане во Манчестер, туку ќе замине на кус одмор во Шпанија.

„Нема да ги гледам натпреварите. Нема да останам во дождливиот Манчестер, одам во Каталонија. Одам да се одморам, а следниот четврток кога ќе дојдат играчите, ќе видиме кој како одиграл. Би сакал сите да бидат добро“, изјави Шпанецот.

„Сега ќе одморам. Не сакам премногу да размислувам за иднината. За играчите, промената на средината ќе биде добра – некои со репрезентациите, други со семејствата“, додаде тој.

ПретходноФлорентино „фрли око“ на Гарначо, оди во Манчестер на преговори
СледноГризман првпат по 7 години нема да биде во селекцијата на Франција