Младите фудбалери почнаа со подготовките за Гибралтар и Шведска (ФОТО)

481

Младата репрезентација на Македонија до 21 година официјално ги започна подготовките за претстојните предизвици од мартовскиот циклус квалификации за пласман на Европско првенство кое ќе се одржи во Словачка 2025 година.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски денеска во 16 часот го одработија првиот тренинг во рамките на мини подготовките за квалификациските натпревари против Гибралтар и Шведска.

Двата натпревари од Групата 7 во рамките на квалификациите за пласман на Европско првенство ќе ги одиграме во Скопје, на националната арена „Тодор Проески”.

ПретходноПремиерлигата ќе му одземе 4 бода на Нотингем поради финансиски прекршувања
СледноНационалите истрчаа на тренинг комплексот во Анталија (ФОТО)