Флорентино „фрли око“ на Гарначо, оди во Манчестер на преговори

137

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез побарал средба со крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо и неговите претставници, информираат неколку шпански медиуми.

Според информациите, Перез сакал да се сретне со аргентинскиот крилен напаѓач, кој порасна во Мадрид, на 17 април кога ќе биде во Манчестер на гостувањето на Реал кај градскиот ривал на „црвените ѓаволи“, Манчестер Сити во четвртфиналето во ЛШ.

Перез сака да го донесе Гарначо на „Сантијаго Бернабеу“ и се надева дека ќе го убеди играчот да ја прифати неговата понуда.

ПретходноРаботнички го доби дербито со Наковски В. и се избори за третото место на табелата
СледноПеп: Репрезентациите не ме интересираат, одам да одморам во Каталонија